Реферат за избор на исттражувач во сите звања - Проф. Д-р Дијана Цветкоска

 

Архивски број 02-29/2

Од 20.01.2023

 

РЕФЕРАТ

ЗА ИЗБОР НА  ИСТРАЖУВАЧ ВО СИТЕ ЗВАЊА ЗА НАСТАВНО НАУЧНАТА ОБЛАСТ „КОМПОЗИТНИ МАТЕРИЈАЛИ“ ПРИ ПРИВАТНАТА НАУЧНА УСТАНОВА ИНСТИТУТ ЗА СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТИ И РОБОТИКА, ПРИЛЕП  
 
 
 
Врз основа на конкурсот објавен во дневните весници Лајм на датум 28.10.2022г. и Нова Македонија на датум 28.10.2022 година, за избор на двајца истражувачи во сите звања за наставно - научната област: Композитни материјали (21503), поле: Материјали (215), научно подрачје: Техничко-технолошки науки, од кои едниот со работен однос, а другиот како надворешен соработник при Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика, Прилеп и врз основа на Одлуката на Наставно - научниот совет бр. 02-166/1 донесена на 07.12.2022 година, формирана е Рецензиона комисија во состав:
·         Д-р Светлана Ристеска, Научен советник/Редовен професор на Институт за современи композити и роботика, Прилеп - претседател,
·         Д-р Благоја Самакоски, Научен советник/Редовен професор на Институт за современи композити и роботика - член  и
·         Д-р Самоил Самак Научен соработник/Доцент на Институт за современи композити и роботика, Прилеп - член.
 
Врз основа на приложената документација од кандидатите, во предвидениот рок се пријави кандидатот д-р Дијана Цветкоска.
 
Пријавата внимателно ја разгледавме и утврдивме дека кандидатот д-р Дијана Цветкоска, врз основа на распишаниот Конкурс, навремено и целосно ги има доставено сите документи од конкурсот. Врз основа на приложената документација од кандидатот, чест ни е на Наставно - научниот совет на Институтот за современи композити и роботика да му го поднесеме следниов:
 
 
И З В Е Ш Т А Ј
 
БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ И ОБРАЗОВАНИЕ
 
Д-р Дијана Цветкоска е родена на 26.11.1984 год. во Прилеп. Основно училиште завршува во Прилеп, а со средно образованиесе стекнува во Гимназијата „Мирче Ацев “ – Прилеп, Македонија со континуирано одличен успех.
Во периодот 2003-2008 година студира наУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Природно-математички факултет(VIIсеместри), Македонија, група:математика, насока: наставна. Студиите ги завршила во редовни рокови, со просек 7.76 при што се стекнува со стручен назив дипломиран професор по математика.
По дипломирањето, продолжува со сопствена надоградба и понатамошно техничко усовршување. Во период 2009-2011 година во рамките на Микросам академија завршува курс за функционално, генеричко и објектно ориентирано програмирање во програмскиот јазик „C++“, користење на надворешни библиотеки, дизајн на софтвер, примена на компајлер и линкер во изградба на проект кај Visual Studio. Примена на нумеричка математика во програмскиот пакет „MATLAB“ и алгоритми за геометриско моделирање.
Своето образование, д-р Дијана Цветкоска го продолжила на втор циклус на студии воПриватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп на студиската програма: Современи композити и роботика (60 КТС), отсек: Композити. Истите ги завршила со просечен успех 9.29 одбранувајќи го својот магистерски трудна20.04.2015 година под наслов  LookAhead (гледај нанапред) алгоритми во процесот на генерирање на профил на брзинаи се стекна со назив Магистер  на  технички  науки  од  областа  на современи композити и роботика (Master of Science in Advanced Composites and Robotics, MSc).
Во акедемската 2015/2016 година се запиша на трет циклус на студии на студиската програма Наука и Технологија за композитни материјали на Технолошко техничкиот факултет, при универзитетот Гоце Делчев Штип. Кандидатот д-р Дијана Цветкоска  ги положила испитите во студиската програма со просечен успех 9.75 и ги реализирала сите предвидени обврски и активности согласно со програмата за трет циклус на студии. Одбранувајќи го својот докторски труд на 09.07.2021 година, под наслов „Алгоритам за планирање на патека кај машини за автоматско полагање на препрег кои во својот дизајн имаат најмалку две редундантни оски“, се стекна со назив Доктор по технички науки од областа на науката и технологијата на композитни материјали.
 
РАБОТНО ИСКУСТВО
 
Во текот на студирањето 2004-2005 година работи како раководител на математичкиот кружок во средношколскиот дом „Томе Стефаноски - Сениќ“. Во 2007 година е член на комисијата на 50-тиот републички натпревар по математика во организација на Природно - математички факултет - Скопје. Наредната 2008 година е делегат на регионалниот натпревар по математика организиран од Природно -математички факултет - Скопје во реон Кавадарци.
Во периодот од 2009-та година до денес е вработена во Микросам ДОО Прилеп каде што стекнува значително работно искуство како софтвер инженер. Во оваа институција нејзините работни задачи опфаќаат изработка на алгоритми за роботизирани машини кои се користат при производство на композитни материјали. Анализа и вклучување на процесните параметри во софтверски решенија како и истражување и развој на самиот производствен процес кај машини за автоматско полагање препрег.
Како софтвер инженер во Микросам ДОО Прилеп, д-р Дијана Цветкоска добива можност да работи на проектот Fortissimo Marketplace во рамките на Европската Унија каде што се стекнува со искуство за работа на суперкомпјутер и вклучување на паралелно извршување при работа со сложени и временски захтевни компјутерски процеси. Соработката со проектите од Европската Унија ја продолжува така што е пријавена да дејствува како рецензент на други проекти. До денес била рецензент на две пријави во рамките на CloudiFacturing проектот.
Таа е активно вклучена во развој на нови производи и е соработник во повеќе научни проекти. Како ученик во Гимназија е член на Дебатниот клуб во Прилеп каде покрај дебата со што ги има усовршено ораторските способности - бранење на став, учи да го организира времето согласно дадените роковни ограничувања и да истражува во најразлични области. Учествува на различни семинари кои одат во прилог на развивање на нејзините комуникациски способности, организациони способности, способност за тимска работа, способност за работа под различни услови, способност за работа со групи на луѓе од различни возрасти, верска и национална припадност.
Посетата на саеми и фирми кои се занимаваат со развој и производство на композитни материјали и овозможуваат самиот софтверски производ на кој што работи да го развива во рамките на светски зададени стандарди и побарувања.
Исто така успешно користи повеќе софтверски решенија за моделирање, симулации и анализи со напредни инженерски методологии, 3Д визуелизација, програмирање на нумерички управувани машини.
 
ОБЈАВЕНИ НАУЧНИ ТРУДОВИ/УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИИ
 
Д-р Дијана Цветкоска,има објавено повеќе трудови – публикации во реномирани списанија со меѓународна рецензија, како и трудови - публикации во зборник на трудови на меѓународни научни собири:
 
Научни трудови објавени во меѓународни  списанија со меѓународна рецензија:
 
 
автори
наслов
списание
година
 
1
Dijana Cvetkoska, Igor Dimovski, Samoil Samak, Mirjana Trompeska and Vladimir Dukovski
Using Constrained Multi-Optimization in Design of Composite for Filament Wound High Pressure Vessels
International Journal of Mathematics Trends and technology, doi: 10.14445/22315373/IJMTT-V61P516, Volume 61 Number 2
2018
 
автори
наслов
списание
година
 
2
 
Igor Dimovski, Mirjana Trompeska, Samoil Samak, Vladimir Dukovski and Dijana Cvetkoska
Algorithmic approach to geometric solution of generalized Paden-Kahan subproblem and its extensions
International Journal ofAdvanced Robotic Systems, Volume:15 issue: 1
 
2018
 
автори
наслов
списание
година
 
3
Igor Dimovski, Mirjana Trompeska, Dijana Cvetkoska, Filip Kochoski
Visualization tools integrated in multivariate calculus instruction and their impact on the quality of students’ knowledge
International Journal of Mathematics Trends and technology, doi: 10.14445/22315373/IJMTT-V39P504
2016
 
автори
наслов
списание
година
 
4
Dijana Cvetkoska, Filip Kochoski
Functional Dependence of Laser power and Layup Speed for Automatic Fibre Placement Temperature Control
Knowledge – International Journal, Vol 34, ISSN 1857-923X (for e-version), ISSN 2545 – 4439
2019
 
Научни трудови презентирани на меѓународни конференции - публикација во зборник на трудови на меѓународен научен собир:
 
 
автори
наслов
списание
година
 
1
Dijana Cvetkoska, Filip Kochoski
 Functional Dependence of Laser power and Layup Speed for Automatic Fibre Placement Temperature Control
 In 22nd International Conference in Kavala, Greece
 
 
2019
 
 
 
автори
наслов
списание
година
 
2
 
Dijana Cvetkoska, Svetlana Risteska
In: 16th International Conference “Research and Development in Mechanical Industry”
(RaDMI-2016), September 15-18, 2016 in Belgrade, Serbia
2016
 
 
автори
наслов
списание
година
 
3
Igor Dimovski, Mirjana Trompeska, Samoil Samak, Vladimir Dukovski and Dijana Cvetkoska
Some generalizations and extensions of Paden-Kahan subproblems. In: International Conference titled: Mathematics
  1. Applied 2016, August 21-24 2016, Ohrid, Macedonia
 
2016
 
 
автори
наслов
списание
година
 
4
Игор Димовски, Самоил Самак, Дијана Цветкоска, Мирјана Тромпеска, Филип Кочоски
Speed Control in Numeric Controlled Systems
Математички билтен Vol.39(LXV) No.1, Скопје
 
2015
 
 
 
СТРУЧНИ УСОВРШУВАЊА, ПРОЕКТИ, ПРИЗНАНИЈА
Во текот на студирањето, д-р Дијана Цветкоска  е добитник на повеќе пофалби и признанија и активно вклучен во неколку проекти и тоа:
·         2016Сертификати за Учество на 16th International Conference Research and Development in Mechanical Industry(RaDMI-2016) во Белград;
·         2006-2007 Сертификати за учество на семинарите: „Со читање и пишување до критичко мислењеи „Образование за социјална правда“ во рамките на проектот Креативна настава и учење во организација на USAID;
·         2002-2004  член на Дебатниот клуб во Прилеп и диплома за учество на МОФ летната школа  Голак-2003;
·         2001-2002 Две II награди од областа математика на Републичките натпревари во организација на Народна техника. ДвеIIIнагради на Регионалните натпревари во организација на Природно - математичкиот факултет – Скопје..
 
ПОЗНАВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ
Кандидатот д-р Дијана Цветкоска има одлично познавање на англискиот јазик, како и јазиците од јужно-словенско потекло (српски, хрватски).
 
Разгледувајќи ја целокупната активност на кандидатот, Рецензионата комисија оценува  дека  д-р  Дијана Цветкоска со  поголем  број  свои  научни и стручни трудови  ги  покрива областите  Композитни материјали.
 
ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ
 
Прегледот и анализата на доставениот материјал на д-р Дијана Цветкоска упатува на сознание дека кандидатот покажува успешни резултати во наставно - образовната и научно - истражувачка дејност во областа на Композитни материјали.
Во периодот на докторските студии кандидатот бил автор и коавтор на голем број печатени научни и стручни трудови, односно трудови реферирани на домашни и меѓународни научни собири.   
Врз база на оствареното во научно - истражувачката и стручната дејност, како и од лично познавање на кандидатот, рецензионата комисија оценува дека д-р Дијана Цветкоска ги задоволува критериумите за звањето Научен соработник.
Врз основа на член 36 и член 67 од Законот за научно-истражувачката дејност, како и член 183 од Законот за високото образование, а почитувајќи го Правилникот за единствените критериуми за избор во наставни, наставно-научни, наставно-стручни и соработнички звања на Институтот за современи композити и роботикаво Прилеп, Рецензионата комисија констатира декакандидадотд-р Дијана Цветкоскаги исполнува условите за Научен соработник/Доцентво следната научна област: 21503 Композитни материјали.
 
РЕЦЕНЗИОНА КОМИСИЈА
 
   Д-рСветлана Ристеска, Научен советник/Редовен професор-претседател
Приватна научна установа
Институт за современи композити и роботика Прилеп
                               
 
                               Д-р Благоја Самакоски, Научен советник/Редовен професор-член
Приватна научна установа
Институт за современи композити и роботика Прилеп
 
 
Д-р Самоил Самак, Научен соработник/Доцент-член
Приватна научна установа
Институт за современи композити и роботика Прилеп
 
 
Датум  20.01.2023, Прилеп