ОДЛУКА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ТЕМА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕНТОР

Врз основа на член 33 од Статутот на Приватна Научна Установа Институт за современи композити и роботика Прилеп, Советот на седницата одржана на ден 14.10.2024г. ја донесе следната:

 

 

ОДЛУКА

ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ТЕМА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕНТОР

I

Се прифаќа темата за магистерски труд со наслов Истражување на некои карактеристики на композитните материјали сребро-калај оксид (Ag-SnO2) и сребро-цинк оксид (Ag-ZnO) од студентот Ангела Боцеска.

 

II

Се прифаќа предлогот на студентот Ангела Боцеска и за ментор на магистерскиот труд цитиран во член I на оваа Одлука се одредува Научен соработник/Доцент д-р Самоил Самак.

 

III

Оваа Одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

IV

Оваа Одлука се доставува до студентот, избраниот ментор и Комисијата за подобност на тема на магистерскиот труд.

 

 

 

 

ДЕКАН

                                                                                                         Научен Соработник/Доцент

                                                                                               д-р Билјана Костадиноска