ОДЛУКА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ТЕМА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕНТОР

Врз основа на член 33 од Статутот на Приватна Научна Установа Институт за современи композити и роботика Прилеп, Советот на седницата одржана на ден 14.10.2024г. ја донесе следната:

 

 

ОДЛУКА

ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ТЕМА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕНТОР

I

Се прифаќа темата за магистерски труд со наслов  Компјутерско потпомогнато проектирање на погони за праволиниско движење кај нумерички управувани машини за производство на делови од композитни материјали“ од студентот Борјан Ѓорѓијоски.

 

II

Се прифаќа предлогот на студентот Борјан Ѓорѓијоски и за ментор на магистерскиот труд цитиран во член I на оваа Одлука се одредува Научен соработник/Доцент д-р Самоил Самак.

 

III

Оваа Одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

IV

Оваа Одлука се доставува до студентот, избраниот ментор и Комисијата за подобност на тема на магистерскиот труд.

 

 

 

ДЕКАН

                                                                                                         Научен Соработник/Доцент

                                                                                               д-р Билјана Костадиноска