КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО АКАДЕМСКАТА 2024 / 2025 ГОДИНА
Врз основа на Законот за високото образование и Одлука бр.02-41/2 од 30.04.2024г. донесена од Научниот Совет, Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп, го објавува следниот:
К О Н К У Р С
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ
ВО АКАДЕМСКАТА 2024 / 2025 ГОДИНА
- АКРЕДИТИРАНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ
1. Современи композити и роботика, едногодишни студии – 10 кандидати
2. Современи композити и роботика, двегодишни студии – 10 кандидати.
- УСЛОВИ ЗА СТУДИРАЊЕ
1. Студиите се усогласени со Болоњскиот кредит трансфер систем.
2. Наставата се одвива на македонски и англиски јазик во современо опремени простории (предавални и лаборатории) во Прилеп.
3. Наставата ја одржуваат еминентни македонски и странски професори.
4. Програмата се состои од наставен дел и изработка на магистерска работа.
- УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Право на конкурирање на едногодишни студии имаат кандидатите што завршиле прв циклус академски студии во траење од четири години, односно додипломски студии (240 европски кредити) и кои дипломирале на соодветна или сродна студиска програма од инжeнерската струка (технолошки, машински, електро, градежен, информатика, компјутерско инженерство и др.) и на некој од природно-математичките факултети (физика, хемија и математика), како и студенти кои завршиле друг факултет, а кои имаат искуство во областа на современите композити и роботиката.
Право на конкурирање на двегодишни студии имаат кандидатите што завршиле прв циклус академски студии во траење од три години, односно додипломски студии (180 европски кредити) и кои дипломирале на соодветна или сродна студиска програма од инжeнерската струка, на некој од природно-математичките факултети, како и студенти кои завршиле друг факултет, а кои имаат искуство во областа на современите композити и роботиката.
- ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Оригинал или заверена копија на нотар од дипломата за завршен прв циклус на студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска диплома - нотарски заверена);
- Кратка биографија (CV);
- Уверение за положени испити;
- Уверение за државјанство (оригинал или фотокопија заверена кај нотар), странските студенти доставуваат преведена и заверена на нотар фотокопија од патна исправа;
- Потврда за познавање на англиски јазик;
- Други документи по барање на Институтот.
- ШКОЛАРИНА
Висина на школарина по семестар: 750,00 Евра (со зборови: седумстотини и педесет Евра), во денарска противвредност, по среден курс на НБРСМ, на денот на уплатата. Странските студенти плаќаат двојно повеќе.
- ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ
Уписот трае до 30.09.2024 година.
- НАЗИВ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ
- “Современи композити и роботика”, втор циклус едногодишни студии во обем од 60 ЕКТС кредити.
- “Современи композити и роботика”, втор циклус двегодишни студии во обем од 120 ЕКТС кредити.
- НАУЧЕН НАЗИВ КОЈ СЕ СТЕКНУВА СО СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ
Магистер на технички науки од областа на композитни материјали (Master of Science in the Field of Composite Materials, MSc).
Напомена: Бројот е ограничен на 10 кандидати по студиска програма и уписот ќе се прави по критериумите и до потполнување на квотата.
Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да го контактираат одделот за упис на студенти:
Институт за современи композити и роботика, Прилеп
Адреса: Крушевски пат бб, Прилеп
Web – страна: www.iacr.edu.mk
Тел.: 048 / 429 320;
E - mail: info@iacr.edu.mk
Latest NEWS
-
ОДЛУКА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ТЕМА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕНТОР
-
ОДЛУКА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ТЕМА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕНТОР
-
ОДЛУКА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ТЕМА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕНТОР
-
КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО АКАДЕМСКАТА 2024 / 2025 ГОДИНА
Nano - technology
In the last years all mediums, means of communication are focused to the nano-science and nano-technology, material science that becomes more important in all fields. In the field of science and material engineering, Institute activities are firstly ...
Implementation of scientific researches
The previuos scientific researches in the advanced composites technology would help in the initial phases of existence and work of the Institute and its proper incorporating in the society. The further work of this Institute, the world achievements...
Electronic, electrical and computer engineering
Electrotechnics - field of engineering that generally takes interest in studying and implementation of electric power in everyday's life. If in the past the electrical and electronic engineering were one unity, today there's a clear difference ...
Mechanical engineering
Mechanical engineering is a complex constructive process that includes other engineering disciplines. It's an applied science that tries to explain the newly discovered and unexplained phenomena. Technology and mechanical engineering are practical ...
Technology of materials
The Materials Engineering is a science and profession that practically implements the acquired scientific and technical knowledge in order to design and build various materials that improve human life. The material science is a interdisciplinary science that studies...