ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТИ И РОБОТИКА (ИСКР) (за периодот 2020-2022)

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА

НА

ИНСТИТУТОТ ЗА СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТИ И РОБОТИКА

(ИСКР)

 

(за периодот 2020-2022)

 

 

 

Прилеп, декември 2023


С О Д Р Ж И Н А

 

1.    ЗА ИНСТИТУТОТ. 6

2. НАСТАВНО-НАУЧЕН И СОРАБОТНИЧКИ КАДАР. 8

2.1.     Структура на наставно-научен и соработнички кадар. 8

3.    НАСТАВНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ. 12

3.1.     Постдипломски студии. 12

3.2.     Структура на студиските програми. 13

4.    СТУДЕНТИ.. 15

4.1.     Ангажираност на студентот во наставно-образовниот процес, индивидуално  учење и кредити. 15

5.    ПРОСТОРНО И МАТЕРИЈАЛНО-ТЕХНИЧКО ПЛАНИРАЊЕ. 16

5.1.     Исполнетост на нормативите за опремата. 17

5.2.     Легенда и конфигурација  на компјутерската мрежа на Институтот за современи композити и роботика. 18

5.3.     Библиотека. 18

6.    СТУДЕНТСКА АНКЕТА. 19

6.1.     Организација на наставниот процес. 19

6.2.     Студиска програма и наставни програми. 20

6.3.     Мислење за наставниците. 22

6.4.     Литература, електронска библиотека, опрема за истражување и учење, логистика. 24

6.5.     Следење и вреднување на постигањата на студентите. 25

7.    НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ. 27

7.1.     Вклученост на студиската програма и на наставниците/соработниците во домашни и во меѓународни научно-истражувачки проекти. 27

7.2.     Вкупен број на издадени трудови. 27

8.    ЛОГИСТИКА И СТУДЕНТСКИ СЕРВИС. 29

8.1.     Студенти. 29

9.    НАДВОРЕШНА СОРАБОТКА. 30

10.  КОНСУЛТАЦИИ И ПРЕПОРАКИ.. 31

10.1.   Структурна организација. 31

10.2.   Настава и учење. 31

10.3.   Во рамките на самоевалуациониот процес, Комисијата за самоевалуација  спроведе студентска  анкета. 31

10.4.   Научно-истражувачка дејност. 32

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ВОВЕД

 

            Четиринаeсeттата година од основањето, Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп (во понатамошниот текст: ИСКР) ја заокружува со континуирани мерки за подобрување на квалитетот во сите сегменти на неговото дејствување во двете насоки, истражувањето и образованието. Препознавајќи ја важноста уште од почетокот, ИСКР ги постави активностите за обезбедување и подобрување на квалитетот на највисоко институционално ниво.

ИСКР е приватна високообразовна институција, која врши високообразовна дејност од втор циклус на студии, научно-истражувачка и апликативна дејност во полето на техничко-технолошките науки, областа на материјалите, автоматиката и роботика и други со нив поврзани наставно-научни, истражувачки и стручни области. 

            ИСКР развива свои карактеристики кои во најголем дел се  поклопуваат со визиите на неговиот основач Проф. д-р Благоја Самакоски, а го рефлектираат стекнатото искуство при развојот.

            Концептот на создавање на научно-истражувачки институт, близок до производството и неговите ресурси, дава сосема нови димензии на научно-истражувачката работа. Научната работа ќе ги даде генеричките знаења во областите кои се истражуваат, а кои се во директна врска со потребите и барањата на светските пазари на знаење. Постоењето на научни институти од оваа област претставува одличен пример и за идните развојни активности на Р.С. Македонија.

            ИСКР, како прв приватен институт на Балканот од оваа област, има за цел и акредитација на постдипломски и докторски студии (заедно со Универзитетот Гоце Делчев- Штип), базирани на концептот на Болоњскиот процес и соодветната македонска норматива. Постоењето на ваков институт за магистерски и докторски студии организирани по најсовремениот концепт на Болоњскиот процес, е од витално значење за севкупниот научен, технолошки и образовен развој на Р.С. Македонија. Моментално, ИСКР има акредитација за втор циклус студии, а студиските програми се во согласност со потребите за образување кадар што ќе одговори на барањата на современиот технолошки развој, пазарот на трудот, за развој на индустриските гранки во Р.С. Македонија, односно кадар кој ќе одговара на потребите на светски познатите компании.

            Имајќи го во предвид динамичниот развој на оваа релативно млада институција, како и напорите за транспарентно и општествено одговорно работење, инициран е нов процес на внатрешна евалуација кој го опфаќа периодот од 2020-2022 година. Овој процес е од особена важност, со оглед на тоа што се заокружува речиси петнаесетгодишното функционирање на ИСКР како научна институција за развој, a од 2011 година и како институција за образовна дејност и истото треба да овозможи постигнување на неколку важни цели:

  • пошироко меѓународно и општествено препознавање и поврзување на ИСКР;
  • утврдување на постојаните состојби и трендови на севкупното функционирање на ИСКР;
  • дефинирање на правците на развој во наредниот период. 

Процесот на самоевалуација е спроведен на институционално ниво од страна на Комисијата за самоевалуација на ИСКР. Извештајот го изработи Комисијата за самоевалуација на ИСКР во следниот состав:

·         Научен советник/Ред. проф. д-р Светлана Ристеска, ИСКР Прилеп, претседател;

·         Научен соработник/Доцент д-р Самоил Самак, ИСКР Прилеп, член;

·         Научен соработник/Доцент д-р  Билјана Костадиноска, ИСКР Прилеп, член;

·         Соработник истражувач Ице Ѓуманделоски, ИСКР Прилеп, член;

·         студент Борјан Ѓоѓијоски, ИСКР Прилеп, член.

            Комисијата ги започна активностите за самоевалуација во 2023 година, согласно со методологијата за спроведување на самоевалуација дефинирана од Центарот за обезбедување на квалитет. Истата, во целост е базирана на препораките дефинирани од Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование. Добиените податоци во овој Извештај за самоевалуација даваат можност за детален преглед и анализа на следниве аспекти:

  • надворешните услови и ограничувања, во кои функционира ИСКР;
  • внатрешните силни и слаби страни, како и вкупниот потенцијал на институцијата;
  • можностите и правците за надминување на постојните слабости и идниот развој на институцијата во целост.

 

 

1.                 ЗА ИНСТИТУТОТ

 

Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп првично е основан од страна на компанијата Микросам А.Д. Прилеп на 14.02.2009 година, но од 27.04.2012 година, па до денес основач/сопственик е Проф.д-р Благоја Самакоски. Седиштето на ИСКР се наоѓа во Прилеп. Министерството за образование и наука има донесено Решение за запишување во регистарот на субјекти кои вршат научно-истражувачка дејност на РМ под бр.07-607/3 од 05.02.2009г. Идејата за основање на институт од областа на современите композити и роботика се должи на концептот за развивање на научен пристап низ тековното производство од оваа област, во создавањето на нови технологии со подолгорочно значење кои бараат повисоко ниво на изградена истражувачка инфраструктура.      

ИСКР првенствено е формиран за реализација на  научно- истражувачка  работа  од областа  на  современите композити и роботиката. Образовната дејност, претставена со студиите од втор циклус, има за цел да профилира определен број на високо квалитетни кадри, главно за своите потреби и потребите на компанијата Микросам, како и низ образовниот процес да го дисеминира своето знаење и методологија на работа и на други кадри, првенствено од Р.С. Македонија, кои би биле движечка сила во развојот и примената на прозводи и технологии од областа на композитните материјали во земјата, но и пошироко. 

Стручните и административните работи на ИСКР ги врши Стручната и административната служба при ИСКР. Наставно-научниот совет е стручен орган на ИСКР и во него членуваат редовните, вонредните професори и доцентите како и претставници на соработниците и студентите. Директорот е раководен орган на институцијата и го застапува и претставува ИСКР во земјата и странство и врши други овластувања во согласност со Статутот и интерните акти на ИСКР. Деканот на постдипломските студии (втор циклус на студии) го именува Наставно-научниот Совет и истиот го претставува и застапува ИСКР во земјата и странство, ги свикува и раководи со седниците на Наставно-научниот Совет, а врши и други овластувања согласно Статутот и интерните акти на ИСКР.

 

   Мисија, визија и стратегиски цели

            Основна визија на ИСКР, како единствена приватна високообразовна и научно-истражувачка институција од овој вид во Р.С. Македонија па и на Балканот е едукација и образование на квалитетни, високо стручни, наставни и  научно-истражувачки кадри од областите на современи композити, автоматика, роботика  како  и  други  со нив поврзани  наставно-научни,  истражувачки и стручни области. Визијата примарно е насочена во насока на одржливост и развој на институцијата и студиските програми и едуцирање на квалитетни кадри со основни и проширени знаењa, компетентност и вештини од соодветната специјалност, оспособени да  одговорат на современите  барања  и  трендови  на  пазарот. Визијата  на  ИСКР се остварува  преку  разни форми и содржини  на  активности, од донесување и спроведување на законска регулатива и акти, преку креација и реализација на наставно-образовниот процес, научно-истражувачката работа, апликативната дејност и други форми на активности.

Мисијата на ИСКР е да се создаде институција која ќе биде препознатлива по највисоките човекови вредности: знаење, умеење, вистина, чест. Институција која ќе произведува високопрофесионален и квалитетен кадар, подготвен да го аплицира своето знаење во сите сфери на општественото живеење, поддржувајќи го на тој начин националниот економски развој и развојот на државата, воопшто. Да се стреми да создава кадар кој ќе ја презема одговорноста на својата иднина и иднината на сегашните и идните генерации.

Соодветната автоматизација и роботизација на целокупниот процес на добивање на композитите, овозможува дизајнирање на посакувани композитни структури, кои  успешно ќе ги заменат постоечките и конвенционални метали и легури. Оттука истражувањето на современите роботизирани технологии е основата за создавање на врвни решенија во областа на технологиите за добивање на современи композити. Роботите и роботизацијата се потврдена основа за создавање на машини за одредени видови композитни материјали за што е неопходно знаење за сите оние кои се определуваат да работат во полето на современите композитни технологии и структури.

Својата мисија ИСКР како приватна установа, ја остварува врз основа на следните активности:

·         Обезбедување  на  услови  и  можности  за  едукација  на  квалитетни  високо образовани кадри во сите степени на образование од областите на композитите;

·         Обезбедување на услови за реализирање на зацртаните програми за работа и реализирање на студиските програми;

·         Спроведување  на  интерактивност  и  транспарентност  во  наставата;

·         Едукација на кадар којшто е конкурентен и оспособен за самостојна работа со широка основа за понатамошна континуирана надградба во професијата.

2. НАСТАВНО-НАУЧЕН И СОРАБОТНИЧКИ КАДАР

2.1.            Структура на наставно-научен и соработнички кадар

Структурата на постојано вработениот наставно-научен и соработнички кадар, според наставно-научното и соработничкото звање за периодот на евалуација е дадена во табелите 2.1., 2.2 и 2.3.

 

Табела 2.1. Структура на Институт за Современи композити и роботика за 2019/2020 година.

Образовен кадар

Постојан работен однос

Хонорарен работен однос

Процент од образовен кадар

Просечна старост

Вкупно

Наставно научен кадар

Редовни

професори

2

2

57.1

56

4

Соработнички кадар

Соработници

3

0

42.9

45

3

 

Табела 2.2. Структура на Институт за Современи композити и роботика за 2020/2021 година.

Образовен кадар

Постојан работен однос

Хонорарен работен однос

Процент од образовен кадар

Просечна старост

Вкупно

Наставно научен кадар

Редовни

професори

2

2

50

57

4

Доценти

1

0

12.5

38

1

Соработнички кадар

Соработници

3

0

37.5

33

3

 

Табела 2.3. Структура на Институт за Современи композити и роботика за 2021/2022 година.

Образовен кадар

Постојан работен однос

Хонорарен работен однос

Процент од образовен кадар

Просечна старост

Вкупно

Наставно научен кадар

Редовни

професори

2

2

50

58

4

Доценти 

1

0

12.5

39

1

Соработнички кадар

Соработници

3

0

37.5

41

3

Согласно нормативите за потребен број на наставници, најмалку 50% од наставата во високообразовната установа ја изведува наставно научен кадар во редовен работен однос со полно работно време.

  • Бројот на потребните наставници во високообразовната установа се определува во зависност од бројот на часови по наставник и тоа 240 часа годишно за наставник, што претставува еквивалент на наставен предмет со фонд од 8 часа неделно.
  • Бидејќи се работи за мал број на студенти се применува нормативот со кој бројот на соработници се определува во зависност од бројот на наставници и тоа најмалку еден соработник за секој потребен наставник. Бројот на часови за асистент во една учебна година се определува со 240 часа годишно, што претставува настава на еквивалентен наставен предмет со фонд до 14 часа неделно.

Согласно наставниот план во Елаборатот, неделниот фонд на задолжителна настава по предмет е 2+2 часа. Предвидено е истовремено да се активни четири задолжителни предмети и три изборни од вкупно седум понудени. Ако се примени нормативот за 50% покриеност со редовни вработени, тогаш ќе треба да се покријат седум предмети кои имаат вкупен фонд настава за наставници 2=14 часа неделно и толку часови за асистент. Од погорниот норматив за оптеретеност на наставник со 8 часа неделно и 14 часа за асистент произлегува дека за реализацијата на овие студии се потребни 1,75 наставници и 1 асисент.

Во почетокот на работата во ИСКР се вработени двајца научни соработници во постојан работен однос и тројца соработници во постојан работен однос. Притоа, бројот на наставно-научниот и соработничкиот кадар континуирано се одржува на законски пропишаното ниво. Почитувајќи ја еквиваленцијата на звања предвидена во Законот за високо образование (чл.143), ИСКР во целост ги исполнува нормативите за потребен наставен кадар.

За да се обезбеди поголем степен на изборност и научно-истражувачка работа, во реализацијата на овие студии покрај вработените во ИСКР учествуваат и професори и соработници од земјава, како што се:

  • ред. проф. д-р Анка Трајковска Петкоска, Универзитет Св. Климент Охридски, Технолошко – технички факултет – Велес,
  • ред. проф. д-р Винета Сребренкоска, Универзитет Гоце Делчев Штип, Технолошко – технички факултет – Пробиштип,

 

Денес ИСКР има 12 постојано вработени, од кои еден е директор, два редовни професори, два доценти, два соработници, еден технолошки инженер (технолог), еден овластен сметководител, два администратори и еден хигиеничар.

ИСКР има отворена соработка со сите Универзитети кои ќе искажат желба за заедничка соработка. Уште од формирањето настојува да соработува со многу универзитети и приватни научни установи од земјава и странство. Во 2014 година склучи договор за соработка и стана придружна членка на Универзитет Гоце Делчев Штип, и од тогаш до денес со обновување на договорот ИСКР е придружна членка на Универзитет Гоце Делчев Штип.

 

 

 

SWOT анализа за наставно-научен и соработнички кадар.


3.       НАСТАВНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ

3.1.            Постдипломски студии

Во текот на сите години постоење, во ИСКР се добиени следниве решенија:

-       Решение за акредитација на нова студиска програма за едногодишни студии од втор циклус, студиска програма по современи композити и роботика на Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика во Прилеп, донесено од Одбор за акредитација на високото образование на 01.11.2010 година под број 13-40/8.

-       Решение за акредитација на нова студиска програма за двегодишни студии од втор циклус, студиска програма по современи композити и роботика на Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика во Прилеп, донесено од Одбор за акредитација на високото образование на 01.11.2010 година под број 13-40/7.

-       Решение за почеток со работа на студиската програма по современи композити и роботика од втор циклус магистерски студии на Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика во Прилеп, донесено од Министерство за образование и наука на 04.02.2011 година под број 03-744/1. 

-       Решение за акредитација на студиска програма „Современи композити и роботика“втор циклус едногодишни студии на Институт за современи композити и роботика во Прилеп, донесено од Одбор за акредитација и евалуација на високото образование на 30.03.2015 година под број 16-22/2.

-       Решение за акредитација на студиска програма „Современи композити и роботика“втор циклус двегодишни студии на Институт за современи композити и роботика во Прилеп, донесено од Одбор за акредитација и евалуација на високото образование на 30.03.2015 година под број 16-22/3.

-       Решение за почеток со работа на студиската програма по Современи композити и роботика од втор циклус едногодишни и втор циклус двегодишни студии на ПНУ Институт за современи композити и роботика во Прилеп, донесено од Министерство за образование и наука на 04.09.2015 година под број УП1 14-1675.

-       Решение за акредитација на студиската програма „Современи композити и роботика“ од втор циклус магистерски академски студии на Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп, донесено од Одборот за акредитација на високото образование на седница одржана на 29.07.2020 година, заверено на 24.09.2020 година под број 1409 - 313/4. 

-       Решение за акредитација на студиската програма „Современи композити и роботика“ од втор циклус магистерски академски студии на Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп, донесено од Одборот за акредитација на високото образование на седница одржана на 29.07.2020 година, заверено на 24.09.2020 година под број 1409 - 314/4. 

-       Решение за почеток со работа на студиската програма од втор циклус магистерски академски студии (60 ЕКТС) по „Современи композити и роботика“ на Приватна научна установа Институт за соврмени композити - Прилеп, донесено од Директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование, заверено на 29.04.2021 под број 08-200/4.

-       Решение за почеток со работа на студиската програма од втор циклус магистерски академски студии (120 ЕКТС) по „Современи композити и роботика“ на Приватна научна установа Институт за соврмени композити - Прилеп, донесено од Директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование, заверено на 29.04.2021 под број 08-201/4.

 

3.2.            Структура на студиските програми

 

Учеството на часовите од теоретската и практичната настава, како и индивидуалните активности од задолжителните и изборните предмети на постдипломските студии на ИСКР е во одредена мерка условено од спецификите на студиските програми на постдипломските студии. 

Во рамките на овој период на години од самоевулацијата има две акредирани програми за постдипломски студии чии решенија се наведени погоре.

            Во студиските програми на постдипломските студии што се реализираат на научните институти, теоретската настава е доминантна форма на работа како во задолжителните, така и во изборните предмети. За одбележување е дека студиите се организирани според Кредит трансфер системот (ЕКТС). Постдипломските научни (магистерски) студии вообичаено се во времетраење од четири или два семестри и истите имаат вкупно 120 или 60 кредити. Запишаните студенти имаат можност да изберат постдипломски студии во времетраење од два или четири семестри, со практична изведба на експерименти.

SWOT анализа на постдипломски студии

 

 


4.        СТУДЕНТИ

Во рамките на ИСКР во периодот на оваа самоевалуација, односно во учебната 2019/2020 година не се запишани студенти, но магистрира еден студент. Во учебната 2020/2021  се запишани  четири студенти. Во учебната 2021/2022 се запишани двајца студенти по новите студиски програми за кои добивме решенија од Одборот за акредитација на високото образование, како и од Директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование, наведени погоре, а магистрираа четири студенти. Во учебната 2022/23 е запишан еден студент и магистрира еден студент.

4.1.            Ангажираност на студентот во наставно-образовниот процес, индивидуално  учење и кредити

            Вкупната ангажираност на студентите на ниво на академска година е различна, што е еквивалент на шеесет кредити.

            Во периодот на самоевалуација се евидентирани повеќе облици на студентска активност, како што се учество на студентски конгреси, конференции, семинари и истражувања. Исто така, студентот е ангажиран во наставно-образовниот процес, индивидуалното учење и кредити. Распределбата на ангажираноста на студентите е евидентирана во процесот на предавања, вежби, испити, вкупни часови, самостојно учење и пракса и изработката на магистерска работа.

 

 


5.                  ПРОСТОРНО И МАТЕРИЈАЛНО-ТЕХНИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

Oбразовниот процес и истражувачката дејност на ИСКР примарно се остваруваат во сопствен објект, односно зграда, приспособена за реалните потреби на ИСКР, сместена во Прилеп. Во вкупниот простор со кој располага ИСКР покрај предавалните влегуваат и голема лабораторија и библотека. Покрај просториите од ИСКР, студентите можат слободно да користат и простории од компанијата Микросам ДОО Прилеп, која е во непосредна близина на ИСКР.

Согласно Договорот за научно-техничка и образовна соработка, како и Договорот за придружно членство помеѓу ИСКР и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (во понатамошниот текст: УГД), предвидено е користење на лабораториите со кои располага УГД, за проекти и експериментални истражувања кои се од интерес за научно-истражувачката работа на студентите од ИСКР.

Согласно нормативите предвидени се 7.5 м2/студент  за студентите од техничките науки. Бидејќи се предвидуваат по 15 студенти годишно, тогаш нормативот се задоволува со најмалку 112.5 м2 работна површина.

Од 2012 година во употреба е пуштен објектот на ИСКР со следната површина:

·         на приземје - 648м2,

·         на кат – 327м2 и

·         ходник 16м2

·         скали 16м2

и тоа

·         Училница за настава:                       70 м2

·         Канцеларија 1:                                 35 м2

·         Канцеларија 2:                                 35 м2

·         Канцеларија 3:                                 80 м2

·         Канцеларија 4:                                    40 м2

·         Лабораторија:                                  321 м2

·         Лабораторија:                                  38 м2

·         Голема просторија за настава 1-2: 110 м2

На студентите вкупно на располагање им се 539 м2, што значително ги надминува барањата на нормативот. Расположивите кабинети овозможуваат сместување на наставниот кадар во кабинети по двајца. Овој сооднос на расположливиот простор по број на студенти е даден во табела 5.1.

Во спогодба за соработка помеѓу УГД и ИСКР, како придружничка членка на УГД, предвидено е користење на лабораторииите со кои располага УГД, за проекти и експериментални истражувања кои се од интерес за научно-истражувачката работа на студентите од ИСКР.

 

Табела 5.1 Простор по број на студенти

Простор / м2

Број на студенти

м2 / студент

539

15

35.93

 

5.1.            Исполнетост на нормативите за опремата

Во  предавалните постојат специфични опреми за определена студиска програма и електронски табли. Во рамките на ИСКР се наоѓа комплетно опремена лабораторија со современи лабораториски машини за производство на современи композити.

Нормативите за потребната опрема за изведување на наставата се групирани во четири групи:

  • Доволен број на студентски места во предавалните и лабораториите -

Расположивиот простор и бројот на расположиви работни места, прикажани во точка 5 многукратно ги надминува основните нормативни барања. Со објектот на ИСКР достигнати се простории и други стандарди кои се карактеристика на врвните светски научно-истражувачки институти и универзитети.

  • Опременост и функционалност на лабораториите за пракса со опрема за индивидуална работа -

Листата на расположливата лабораториска опрема која е на располагање на ИСКР за реализација на наставната работа на вториот циклус на студии и научно-истражувачката работа дадена е во Прилог “а“ од Елаборатите за реакредитација на студиските програми.

  • Опременост и функционалност на лаборатории со компјутери за индивидуална работа на студентите -

Постои целосно опремена училница со компјутерска опрема.

  • Можност за приклучување на сопствени компјутери на студентите до 10% од вкупниот број студенти истовремено на информатичката мрежа во зградата.
  • ИСКР располага со библиотека со 5.000 печатени книги и над 30.000 дигитални книги, со соодветен простор и опрема, со што суштествено ги надминува предвидените нормативи.
  • ИСКР располага со своја web – страница ( www.iacr.edu.mk ).

5.2.            Легенда и конфигурација  на компјутерската мрежа на Институтот за современи композити и роботика

Компјутерите преку web се поврзани во мрежа заедно со сервер каде што е сместен File Server. На File Server се сместени сите документи од ИСКР, како и библиотеката, видеа и слично.

Преку рутер интернетот се дели на компјутери во мрежа и преку wireless access point лаптопите можат да се поврзат со WAN мрежа.

Принтерите и скенерите се поврзани на компјутери или мрежа и секој што има пристап до компјутерот или што е поврзан во мрежата може да принта и скенира.

Факсот и фотокопирот се поврзани во мрежата и може да се користат од секој компјутер.

Има две видео камери кои преку WAN се поврзани во мрежата.

5.3.            Библиотека

            Библиотеката на ИСКР брои над 5.000 печатени книги и уште 30.000 книги во дигитална форма.

Со нормативите се предвидени потребен број на библиотекари и хигиеничари соодветно бројот на студенти. Бидејќи ИСКР ја користи библиотеката во која има еден постојано вработен, а бројот на студенти е далеку помал од нормираниот, исполнет е и тој услов.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

SWOT анализа за просторна и материјална опременост

6.                  СТУДЕНТСКА АНКЕТА

Во процесот на самоевалуација, еден од клучните инструменти кој е искористен е анкетата спроведена со студентите. Анкетирани беа 6 студенти од втор циклус на студии. Анкетниот прашалник содржи дваесет и осум прашања, организирани во пет категории и е даден во прилогот на овој извештај за самоевалуација. Следува преглед и анализа на дадените одговори на студентите, по категории и по прашања.

6.1.            Организација на наставниот процес

            Во оваа категорија се поставени три прашања. На првите две прашања беа понудени пет степени на проценка - од 1 (незадоволен) до 5 (задоволен).

На првото прашање: Дали бевте квалитетно и навремено информирани за начинот на организирање на наставата?добиена е просечна проценка 5.0, а на второто прашање Дали сте задоволен/на од опременоста на просториите во кои се одвиваа предавањата и вежбите?добиена е просечна проценка 5.0, што значи дека сите анкетирани студенти одговориле со највисок степен, дека се задоволни од опременоста на просториите во кои се одвиваа предавањата и вежбите.

За третото прашање Како ја оценувате организацијата на наставниот процес на ИСКР во целина?беа понудени пет степени на проценка - од 1 (лоша) до 5 (одлична), добиена е просечна проценка 4.5.

Во врска со организацијата на наставниот процес, може да се заклучи дека студентите даваат исклучително висока проценка за информирањето, опременоста при реализацијата на наставниот процес, како и за самиот наставен процес во целина.

6.2.            Студиска програма и наставни програми

            Во оваа категорија се поставени осум прашања. За првото прашање: Колку студиската програма за втор циклус студии на ИСКР нуди можности за стекнување со соодветни компетенции?беа понудени пет степени на проценка - од 1 (малку) до 5 (многу). Просечниот одговор за ова прашање е 4.2.

На прашањето: Дали студиската програма е преобемна во поглед на бројот на предмети?, тројца студенти (50%) одговориле со Да и тројца студенти (50%) одговориле со Не.

На третото прашање од оваа категорија: Колку е обезбедена поврзаност на теоретските знаења со практичните вештини беа понудени пет степени на проценка - од 1 (малку) до 5 (многу) и е добиена просечна проценка 5.0, што значи дека сите анкетирани студенти највисоко ја проценуваат поврзаноста на теоретскиот со практичниот дел.

На прашањето: Дали сметате дека е потребно повеќе практична настава?, четворица студенти (66.67%) одговориле со Да и двајца студенти (33.33%) одговориле со Не. Тоа ја покажува тенденцијата студентите од областа на инженерството да покажуваат поголем интерес кон практичната настава во споредба со теоретскиот дел од наставата.

На петтото прашање од оваа категорија: Колку понудените изборни предмети во студиската програма Ви овозможуваат да ги задоволите Вашите посебни образовни интереси за одредени области?беа понудени пет степени на проценка - од 1 (малку) до 5 (многу) и е добиена просечна проценка 4.6. Тоа укажува дека во новата студиската програма за втор циклус студии на ИСКР нема потреба да се вклучат дополнителни изборни предмети, со цел да се овозможи чувство на поголема изборност и задоволување на специфичните, индивидуални образовни интереси на секој студент.

Последните три прашања од оваа категорија се однесуваа на наставните програми по секој од наставните предмети. Беа понудени пет степени на проценка - од 1 (не) до 5 (да). Како статистички релевантни можеме да ги сметаме просечните проценки што студентите ги даваат за задолжителните предмети и затоа е даден преглед на просечните проценки само за овие предмети.

Прашање: Содржините предвидени со соодветната предметна програма се интересни и поттикнувачки за учење.

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

4.0

Производство на современи композити

4.0

Основи на композитни материјали

4.0

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

4.5

 

Прашање: Изборот на содржините предвидени со соодветната предметната програма обезбедуваат да стекнете соодветни познавања од областа.

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

5.0

Производство на современи композити

4.0

Основи на композитни материјали

4.5

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

4.5

 

Прашање: Дали обемот на активности што се бараше од Вас при реализацијата на соодветната предметната програма е соодветна на бројот на предвидени кредити?.

Предмет

Просечна проценка од студентите

Механика на композитни материјали

4.5

Производство на современи композити

4.5

Основи на композитни материјали

4.5

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

4.5

 

            Во врска со студиската програма и наставните програми, може да се заклучи дека треба да се размислува за измени во студиската програма во насока на зголемување на обемот на практичната настава. Специфичните проценки по наставни предмети треба да бидат предмет на анализа на предметните наставници, по што ќе произлезат насоки за промени во рамките на секоја наставна програма поединечно.

6.3.            Мислење за наставниците

            Во оваа категорија беа вклучени седум прашања и за секое од нив анкетираниот студент требаше да се изјасни за секој предмет поединечно.

Како статистички релевантни можеме да ги сметаме просечните проценки што студентите ги даваат за задолжителните предмети и затоа е даден преглед на просечните проценки само за овие предмети.

Прашање: Дали интензитетот по кој се одвиваа предавањата по соодветниот предмет беше премногу брз за да се разберат обработуваните содржини?.

Градација: Од 1 (спор), преку 3 (нормален) до 5 (брз)

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

3.6

Производство на современи композити

3.3

Основи на композитни материјали

3.8

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

3.6

 

Прашање: Дали предавањата по соодветниот предмет беа јасни и разбирливи?.

Градација: Од 1 (нејасни) до 5 (јасни и разбирливи)

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

4.6

Производство на современи композити

4.5

Основи на композитни материјали

5.0

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

4.0

 

Прашање: Колку предметниот наставник ги поттикнуваше студентите да поставуваат прашања?.

Градација: Од 1 (воопшто не ги поттикнуваше) до 5 (многу ги поттикнуваше)

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

4.5

Производство на современи композити

4.0

Основи на композитни материјали

4.0

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

4.0

 

Прашање: Колку предметниот наставник ги охрабруваше студентите да даваат идеи за решавање на даден проблем, да споделуваат мислења и да дискутираат?.

Градација: Од 1 (воопшто не ги охрабруваше) до 5 (многу ги охрабруваше)

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

4.6

Производство на современи композити

4.6

Основи на композитни материјали

4.3

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

4.3

 

Прашање: Колку предметниот наставник поттикнуваше соработка меѓу студентите и промовираше тимска работа?.

Градација: Од 1 (малку) до 5 (многу)

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

5.0

Производство на современи композити

4.2

Основи на композитни материјали

4.2

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

4.2

 

Прашање: Дали предметниот наставник беше коректен кон студентите?.

Градација: Од 1 (некоректен) до 5 (коректен)

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

5.0

Производство на современи композити

5.0

Основи на композитни материјали

5.0

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

5.0

 

Прашање: Кога имавте потешкотии при реализацијата на соодветната предметна програма, колку често предметниот наставник Ви излегуваше во пресрет.

Градација: Од 1 (ретко) до 5 (секогаш)

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

5.0

Производство на современи композити

4.6

Основи на композитни материјали

4.6

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

5.0

 

            Во врска со категоријата прашања Мислење за наставниците, може да се заклучи дека генерално студентите имаат високо мислење за односот на наставниците кон образовниот процес, како и високо мислење за квалитетот на наставата во смисла на ангажираност на наставниците.

6.4.            Литература, електронска библиотека, опрема за истражување и учење, логистика

            Во оваа категорија беа вклучени шест прашања. За првите две прашања од оваа категорија беа понудени пет степени на проценка - од 1 (незадоволен) до 5 (задоволен).

За првото прашање:Дали сте задоволен/на од пристапот до соодветна печатена литература?, просечната проценка што ја дале студентите е 4.6.

За второто прашање: Дали сте задоволен/на од пристапот до соодветна електронска библиотека?”, просечната проценка што ја дале студентите е 4.6.

За следните три прашања беа понудени пет степени на проценка - од 1 (не) до 5 (да).

За прашањето: Дали содржините кои се обработуваа по соодветните предмети беа добро покриени со расположливата литература?, просечната проценка е 4.6, што значи дека сите студенти одговориле дека комплетно биле покриени со соодветна литература содржините по сите наставни предмети.

За прашањето: “Дали наставата беше добро поткрепена со соодветна примена на информатичко-комуникациска технологија?”, просечната проценка на студентите е 4.6, а за прашањето Дали за реализација на практичната настава беше ставена на располагање соодветна опрема и материјали?, просечната проценка дадена од студентите е 5.0.

За последното прашање од оваа категорија: Дали сте задоволен/на од односот на лицата од сервисната служба на Институтот?”, беа понудени пет степени на проценка - од 1 (незадоволен) до 5 (задоволен) и просечната проценка дадена од студентите е 5.0.

            Во однос на покриеноста на наставните содржини со соодветна литература, пристапноста до печатената и електронската библиотека, опремата за истражување и учење и пристапноста до оваа опрема, како и за логистиката може да се заклучи дека во иднина би требало уште повеќе да се збогатува фондот на расположлива литература како во печатена, така и во електронска форма.

6.5.            Следење и вреднување на постигањата на студентите

            Во оваа категорија беа вклучени три прашања, плус завршно прашање од отворен тип со кое секој студент може директно да ги запише своите коментари и сугестии за промени во насока на подобрување на работата на ИСКР во целина, како и за секој наставен предмет поединечно.

Како статистички релевантни можеме да ги сметаме просечните проценки што студентите ги даваат за задолжителните предмети и затоа е даден преглед на просечните проценки само за овие предмети.

 

Прашање: Дали според Вас, оценувањето по соодветниот предмет беше објективно?.

Градација: Од 1 (необјективно) до 5 (објективно)

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

5.0

Производство на современи композити

5.0

Основи на композитни материјали

4.6

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

4.6

 

Прашање: Критериумите за следење и вреднување на постигањата на студентот беа јасно формулирани и јавно достапни. .

Градација: Од 1 (не) до 5 (да)

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

5.0

Производство на современи композити

4.6

Основи на композитни материјали

4.6

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

4.8

 

Прашање: Прашањата, задачите, проектните задачи, семинарските работи и другите форми преку кои се оценуваат постигањата на студентот беа соодветни на содржините предвидени со предметната програма .

Градација: Од 1 (не) до 5 (да)

Предмет

Просечна проценка дадена од студентите

Механика на композитни материјали

5.0

Производство на современи композити

5.0

Основи на композитни материјали

5.0

Основи на автоматизација на производството на композитни материјали

4.8

Од предходните анализи и тестови може да се заклучи дека студентите покажуваат висок степен на задоволство.

7.                  НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ

7.1.            Вклученост на студиската програма и на наставниците/соработниците во домашни и во меѓународни научно-истражувачки проекти

            Евалуацијата на ИСКР покажа дека во евалуациониот период имаме интензивирање на истражувачката активност, која се должи на искористените можности за пристап до меѓународни извори и можности за финансирање. Вклученоста на наставниците и соработниците и дел од студентите во истражувачката активност е различна. Во периодот на евалуација (од 2020-2022) се реализирани (или се во фаза на реализација) вкупно седумдесет и седум проекти (домашни и меѓународни).

            Според  резултатите  дадени  во  графиконот 7.1  забележуваме зголемување на истражувачката активност преку научно-истражувачки проекти во 2018, потоа за време на пандемијата COVID-19 имаме мало намалување на бројот на проекти, а во 2022 година имаме потворно нормализирање и благ пораст на бројот на проекти.

 

Слика 7.1 Проекти на ИСКР во последните девет години.

 

Институтот за современи композити и роботика учествува на меѓународни и домашни научни собири (конгреси, конференции, симпозиуми, семинари, работилници). Анализата  покажа дека во евалуациониот период наставно-научниот и соработничкиот кадар учествувал на повеќе видови научни манифестации во земјава, регионот и во странство. 

7.2.             Вкупен број на издадени трудови

            Вкупниот број на издадени трудови  од  наставничкиот  и  соработничкиот кадар изнесува седумдесет и едно. Од нив шест односно 8.33% се научни трудови во списанија со импакт фактор, триесет и три или 45.83% се трудови во меѓународно/странско списание без импакт фактор, седумнаест или 23.94% се трудови прикажани на конференции, додека остатокот од трудовите се објавени во зборник на трудови од научен собир во земјава и странство. Оваа анализа подетално е прикажана со слика 7.2.

Слика 7.2 Учество на меѓународни и домашни научни собири на ИСКР.

 

 

 

 

 

 

 

SWOT анализа на научно-истражувачката дејност

8.                  ЛОГИСТИКА И СТУДЕНТСКИ СЕРВИС

Институтот за современи композити и роботика располага со потребниот  административно-стручен кадар и простор за обезбедување на потребната логистичка поддршка за студентите на втор циклус на студии.

8.1.            Студенти

-        Статус  на  студент  на  ИСКР  се  стекнува  со  запишувањето  на постдипломски  студии  на  Институтот за современи композити и роботика во Прилеп.

-        Студентите своите права и обврски ги остваруваат соогласно со закон и со општите акти на ИСКР.

Долго време се планира да се овозможи Е-индекс на ИСКР кој ќе претставува софтверско решение за реализација на еден сосема нов и модерен начин на студирање на студентите. Но, до ден денес сé уште нема. Со електронскиот индекс ќе биде овозможено комплетно електронско студирање, вклучувајќи:

  • електронски уписи и заверки на семестри,

·         електронско пријавување на испити и семинарски работи,

·         објава на електронски резултати,

·         електронско учење.

9.                  НАДВОРЕШНА СОРАБОТКА

Институтот за современи композити и роботика има приоритетна улога  уште од почетокот на неговото функционирање. Тргнувајќи од улогата и поврзаноста помеѓу домашната и меѓународните академски заедници, како и од  потребата за интензивно создавање и развој на научните, технолошките ресурси и интензивно вклучување во европските образовни и истражувачки програми, работи на поттикнување на надворешната соработка и склучување на договори за меѓусебна соработка со универзитетите во Р.С. Македонија, како и со универзитетите од европските и балканските земји.

ИСКР од Прилеп остварува соработка врз основа на потпишани договори за меѓународна соработка со следните домашни и странски универзитети и научни институти:

·         Договор за научна и образовна соработка со Универзитетот во Бари, Италија (Politecnico di Bari), 28.01.2010 година.

·         Договор за научно-техничка и образовна соработка  со  Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, 06.02.2014 година, последно обновен на 17.01.2022 година.

·         Договор за придружно членство на ИСКР со Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, 08.08.2014 година.

·         Договор за научно-техничка и образовна соработка со Универзитетот УИНТ (Универзитет за информатички науки и технологии) „Св. Апостол Павле Охрид, 03.03.2015 година.

·         Договор за научно-техничка и образовна соработка  со  Универзитетот УКЛО (Универзитет Св. Климент Охридски) – Битола, 03.03.2015 година, обновен на 25.04.2019 година.

 


10.              КОНСУЛТАЦИИ И ПРЕПОРАКИ

10.1.        Структурна организација

Институтот за современи композити и роботика од своето основање е организиран како целосно  (функционално и интердисциплинарно) интегриран согласно со важечката национална регулатива. 

Стручните и административните работи на ИСКР ги врши Стручната и административната служба при ИСКР.

Орган на управување на ИСКР е Наставно-научниот совет (во понатамошниот текст: Совет), а Орган на раководење е Директорот.

Советот го сочинуваат сите наставници кои изведуваат настава на студиите од втор циклус, а по еден претставник избираат соработниците и студентите.

Согласно Статутот на ИСКР со Советот раководи и претседава Деканот на Институтот.

Мандатот  на  членовите  на  Советот  е  врзан  со  статусот  “наставник  на  студиите од втор циклус“, “соработник“, односно со статусот “студент на втор циклус на студии“. 

Директорот го претставува и застапува ИСКР во земјата и странство.

 

10.2.        Настава и учење

Следствено на фактот што се работи за млад институт, постдипломските студиски програми се современо дизајнирани и во целост организирани согласно со ЕКТС системот. Посебно внимaние e посветено на развој и имплементација на современи наставни методи кои поттикнуваат интерактивност во наставата и активно учење, со фокус на студентите. На располагање се активности и форми (како е-учење, лаборатории) преку кои студентите можат да усвојуваат нови знаења и да ги афирмираат своите потенцијали.

Во своето петнаестгодишно постоење запишани се вкупно 32 студенти на втор циклус на студии, а од нив вкупно 19 се магистрирани.

10.3.        Во рамките на самоевалуациониот процес, Комисијата за самоевалуација спроведе студентска  анкета.

Во анкетата учествуваа 6 студенти-испитаници запишани од 2020/2021 и 2021/2022 година. Анкетниот лист вклучуваше 28 прашања распоредени во 5 категории.

Заклучоците од извршените анкети, сумирани според соодветните категории се изложени во продолжение:

-       Во врска со организацијата на наставниот процес, може да се заклучи дека студентите даваат исклучително висока оценка за информирањето и реализацијата на наставниот процес во целина.

-       Во врска со студиската програма и наставните програми, може да се заклучи дека треба да се размислува за измени во зголемување на обемот на практичната настава.

-       Во врска со категоријата прашања „Мислење за наставниците“, може да се заклучи дека, генерално, студентите имаат високо мислење за односот на наставниците кон образовниот процес и кон самите студенти.

-       Во однос на покриеноста на наставните содржини со соодветна литература, пристапноста до печатената и електронската библиотека, опремата за истражување и учење и пристапноста до оваа опрема, како и за логистиката може да се заклучи дека студентите изразуваат висок степен на задоволство. Во иднина би требало уште повеќе да се збогатува фондот на расположлива литература како во печатена, така и во електронска форма.

-       Во однос на следењето и вреднувањето на постигањата на студентите може да се заклучи дека студентите покажуваат задоволство.

10.4.         Научно-истражувачка дејност

 

Очигледен е недостатокот од инволвираност во значајни научни текови на меѓународно ниво. Поради тоа, сметаме дека е неопходно да се направи стратегија за интензивирање на научно-истражувачките активности со посебен фокус на вклучување во меѓународни (пред сè европски) проекти. Исто така, неопходно е да се направат напори за формирање на повеќе истражувачки лаборатории во кои би се создале услови за осовременување на истражувањата и постигање на поширок степен на вклучување, пред сè, на младите кадри во тие истражувања.