Реферат за избор на истражувач во сите звања - Проф. Д-р Билјана Костадиноска

 

Архивски број 02/29/1

20.01.2023

 

 РЕФЕРАТ

 
ЗА ИЗБОР НА  ИСТРАЖУВАЧ ВО СИТЕ ЗВАЊА ЗА НАСТАВНО НАУЧНАТА ОБЛАСТ „КОМПОЗИТНИ МАТЕРИЈАЛИ“ ПРИ ПРИВАТНАТА НАУЧНА УСТАНОВА ИНСТИТУТ ЗА СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТИ И РОБОТИКА, ПРИЛЕП  
 
Врз основа на конкурсот објавен во дневните весници Лајм на датум 28.10.2022г. и Нова Македонија на датум 28.10.2022 година, за избор на двајца истражувачи во сите звања за наставно - научната област: Композитни материјали (21503), поле: Материјали (215), научно подрачје: Техничко-технолошки науки, од кои едниот со работен однос, а другиот како надворешен соработник при Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика, Прилеп и врз основа на Одлуката на Наставно-научниот совет бр. 02-166/1 донесена на 07.12.2022 година, формирана е Рецензиона комисија во состав:
·         Д-р Светлана Ристеска, Научен советник/Редовен професор на Институт за современи композити и роботика, Прилеп - претседател,
·         Д-р Благоја Самакоски, Научен советник/Редовен професор на Институт за современи композити и роботика - член  и
·         Д-р Самоил Самак Научен соработник/Доцентна Институт за современи композити и роботика, Прилеп - член.
Врз основа на приложената документација од кандидатите, во предвидениот рок се пријави кандидатот д-р Билјана Костадиноска.
 
Пријавата внимателно јаразгледавме и утврдивме дека кандидатот д Билјана Костадиноска, врз основа на распишаниот Конкурс, навремено и целосно ги има доставено сите документи од конкурсот. Врз основа на приложената документација од кандидатот, чест ни е на Наставно-научниот совет на Институтот за современи композити и роботикада му го поднесеме следниов:
 
 
 
И З В Е Ш Т А Ј
 
БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ И ОБРАЗОВАНИЕ
 
Д-р Билјана Костадиноска е родена на 26.03.1974 год. во Прилеп. Основно училиште завршува во Прилеп, а со средно образованиесе стекнува во Гимназијата „Мирче Ацев “ – Прилеп, Македонија, насока - Математика информатика (просек 5.00).
Во периодот 1992-1998 година студира наУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Машински факултет(IXсеместри), Македонија , на студиската програма:Производно машинство, подсмер: Роботика и обработка со режење. Студиите ги завршила во редовни рокови, со просек 9.02 при што се стекнува со стручен назив дипломиран машински инжинер VII/1 (Degree in Bachelor of Science in Engineering ). Во текот на студирањето, д-р Билјана Костадиноска е добитник на повеќе пофалби и стипендии.
По дипломирањето, продолжува со сопствена надоградба и понатамошно техничко усовршување. Своето образование д-р Билјана Костадиноска го продолжила на втор циклус на студии во Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп на студиската програма: Современи композити и роботика (60 КТС), отсек: Композити. Истите ги завршила со просечен успех 9.57 одбранувајќи го својот магистерски труд на20.04.2015 година под наслов  „Процес на сечење на тенки ленти препрег и нивна примена во технологијата за автоматско полагањеи се стекна со назив Магистер  на  технички  науки  од  областа  на современи композити и роботика (Master of Science in Advanced Composites and Robotics, MSc).
Во академската 2015/ 2016 годинасе запиша на трет циклус на студии на студиската програма Наука и Технологија за композитни материјали на Технолошко техничкиот факултет, при универзитетот Гоце Делчев Штип. Кандидатот д-р Билјана Костадиноска  ги положи испитите во студиската програма со просечен успех 9.78 и ги реализира сите предвидени обврски и активности согласно со програмата за трет циклус на студии. Одбранувајќи го својот докторски труд на09.07.2021 година, под наслов „Различни методи на импрегнација и полимеризација на смолен систем за производство на термореактивен ткаен препрег, се стекна со назив Доктор по технички науки од областа на науката и технологијата на композитни материјали.
РАБОТНО ИСКУСТВО
 
Во периодот 2000 - 2009 вработена е во Микросам АД Прилепкако машински инжeнер  - конструктор, дизајнер на индустриски роботи, каде стекнува значително и релевантно работно искуство.
Во периодот од 2009 до денес е вработена во Приватна Научна Установа Институт за Современи Композити и Роботика (ИСКР), Прилепкако асистент - истражувач за композитни материјали. Во оваа институција нејзините работните активности го опфаќаат следното:
-          Истражување на  композитите и нивната практична примена во многу нови современи технологии;
-          Проучување на структурата и градбата на композитите и нивните својства (механички, хемиски, термални);
-          Проектирање и дизајн на композитни носечки структури со користење на разни композитни програми (CompositeOracle, CompositePro, MicMac);
-          Активно е вклучена во развој на нови производи и во повеќе научни проекти;
-          Се карактеризира со одлични организациони и технички способности во тимска средина;
-          Учествува и раководи повеќе тимови формирани со цел реализација на конкретни проекти во Институтот.
          Како надворешен соработник учествува во развој на нови производи и производни процеси во рамките на  производствениот процес на Микросам ДОО Прилеп од областа на композитите:
-          Проектирање и конструкција на машини за импрегнација на разни видови материјали и добивање на препрег – полупроизвод на композити со високи перфоманси;
-          Проектирање, конструкција и развој на технологијата на машините за сечење и намотување на разни препрег материјали;
-          Проектирање, конструкција и развој на технологијата на машините за печење и сушење на композитни материјали.
Успешно користи повеќе софтверски решенија за моделирање, симулации и анализи со напредни инженерски методологии, метод на конечни елементи, 3Д визуелизација, програмирање на нумерички управувани машини и др.
 
ОБЈАВЕНИ НАУЧНИ ТРУДОВИ/УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИИ
 
Д-р Билјана Костадиноскаима објавено повеќе трудови – публикации во реномирани списанија со меѓународна рецензија, како и трудови - публикации во зборник на трудови на меѓународни научни собири:
 
Научни трудови презентирани на меѓународни конференции - публикација во зборник на трудови на меѓународен научен собир:
 
 
автори
наслов
меѓународен научен собир
година
 
1
Biljana Kostadinoska, Svetlana Risteska, Blagoja Samakoski, Samoil Samak, Nikolce Romevski
Influence of process parameters in production of resin film on Kevlar fabric prepreg
ICAT'19 8th International Conference on Advanced Technologies, Bosnia and Herzegovina August 26-30, 2019 Sarajevo.
2019
 
2
M. Mijajlovik, B. Kostadinoska,S. Risteska, V. Srebrenkoskaand J. Gogu,
Determination of activation energy of polymer composites using dynamic mechanical analysis
International Scientific Conference Contemporary Materials, Banja Luka
2017
 
3
Е.Pavlova, S. Risteska, Vineta Srebrenkoska, Biljana Kostadinoska, and B. Petkoska
Glass fabrics as reinforcement for composite plates
VII International Metallurgy Congress, Metallurgy, Materials and Environmental, 09-12 June 2016, Ohrid, Macedonia
2016
 
 
 
Научни трудови објавени во меѓународни списанијасо меѓународна рецензија:
 
 
автори
наслов
списание
година
 
1
BiljanaKostadinoska, SvetlanaRisteska,BlagojaSamakoski,
Influence of the Process Parameters on Manufactured Prepregs by Solvent Impregnation
International Journal of Engineering Research & Technology (IJERT) vol.10 Issue 01 ISSN: 2278-0181
2021
 
автори
наслов
списание
година
 
2
 
BiljanaKostadinoska,SvetlanaRisteska,BlagojaSamakoski, S.Capeska,
The compare of mechanical properties of composites at AFP technology with two technologies for curing;
KNOWLEDGE – International Journal, Vol. 20.5 pp 2471-2479
ISSN 2545-4439
2017
 
автори
наслов
списание
година
 
3
Svetlana Capeska, Svetlana Risteska, Samoil Samak, Biljana Kostadinoska,
Impact of the technological parameters for the production of UD prepreg
KNOWLEDGE – International Journal, Vol. 20.5 pp 2319-2325
ISSN 2545-4439
2017
 
автори
наслов
списание
година
 
4
M. Stefanovska, S. Risteska, B. Samakoski, G. Maneski, B. Kostadinoska
Theoretical and Experimental Bending Properties of Composite Pipes
International Journal of Environmental and Ecological Engineering Vol:9, No:6, 
2015
 
автори
наслов
списание
година
 
5
Blagoja Samakoski, Svetlana Risteska, Biljana Kostadinoska, Ekaterina Sinadinova
Automatic Fiber Placement (AFP) Technology, Actual State and Future Improvement through Using NDT (Ultrasonic) Equipment in On-line Processing
ICT Innovations 2012 Web proceedings ISSN 1857-7288
 
 
2012
ICT Innovations 2012, Web Proceedings, ISSN 1857-7288
© ICT ACT – http://ictinnovations.org/2012, 2012
 
СТРУЧНИ УСОВРШУВАЊА, ПРОЕКТИ, ПРИЗНАНИЈА
Во текот на студирањето, д-р Билјана Костадиноска е добитник на повеќе пофалби и признанија и активно вклучена во неколку проекти.
Во текот на на студирањето работи како асистент - истражувач во програмата за втор циклус на студии во Институтот за современи композити и роботика Прилеп.
Денес е активен учесник и ментор на повеќе од сто интерни проекти во рамките на Микросам ДОО Прилеп и Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика, Прилеп.
 
ПОЗНАВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ
Кандидатот д-р Билјана Костадиноска има одлично познавање на англискиот јазик, како и јазиците од јужно-словенско потекло (српски, хрватски).
 
Разгледувајќи ја целокупната активност на кандидатот, Рецензионата комисија оценува  дека  д-р  Билјана Костадиноска со  поголем  број  свои  научни и стручни трудови  ги  покрива областите Композитни материјали.
 
ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ
 
Прегледот и анализата на доставениот конкурсен материјал на д-р Билјана Костадиноска упатува  на  сознание  дека  кандидатот  покажува  успешни  резултати  во научно-истражувачка дејност во областа на Композитни материјали.
Во периодот на докторските студии кандидатот бил автор и коавтор на голем број печатени научни и стручни трудови, односно трудови реферирани на домашни и меѓународни научни собири. За истакнување се заложбите на кандидатот своето поранешно искуство, стекнато низ индустриската пракса во подрачјето на автоматски, „CNC машини за производство на композитните материјали да го валоризира преку меѓународни и домашни научноистражувачки проекти и да постигне врвни резултати, како од научен, така и од практичен аспект. Врз база на оствареното во научно-истражувачката и стручната дејност, како и од лично познавање на кандидатот, рецензионата комисија оценува дека д-р Билјана Костадиноска ги задоволува критериумите за звањето Научен соработник.
Врз основа на член 36 и член 67 од Законот за научно-истражувачката дејност, како и член 183 од Законот за високото образование, а почитувајќи го Правилникот за единствените критериуми за избор во наставни, наставно-научни, наставно-стручни и соработнички звања на Институтот за современи композити и роботикаво Прилеп, Рецензионата комисија констатира декакандидатотд-р Билјана Костадиноска ги исполнува условите за Научен соработник/Доцентво следната научна област: 21503 Композитни материјали.     
 
 
РЕЦЕНЗИОНАКОМИСИЈА
 
    Д-рСветлана Ристеска, Научен советник/Редовенпрофесор-претседател
Приватна научна установа
Институт за современи композити и роботика Прилеп
 
                               
 
                               Д-р Благоја Самакоски, Научен советник/Редовен професор-член
Приватна научна установа
Институт за современи композити и роботика Прилеп
 
 
 
Д-рСамоил Самак, Научен соработник/Доцент-член
Приватна научна установа
Институт за современи композити и роботика Прилеп
 
 
 
 
Датум  20.01.2023, Прилеп