Оглас за вработување: Математичар - 2 работни места

Институтот за современи композити и роботика, Прилеп е прв приватен Институт од оваа област на Балканот и има потреба од нов стручен кадар


МАТЕМАТИЧАР - 2 РАБОТНИ МЕСТА


Основни одговорности и задачи:

-  Истражување и развој на алгоритми за управување и контрола при развој на современи технолошки процеси

- Учесник или носител во научни проекти од техничките науки

Квалификации и компетенции:

- Завршен Математички факултет со прв или втор или трет циклус на студии 
 
- Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)
 

Што нудиме?

- Одлични услови за работа во креативна средина

- Амбициозен и професионален тим со големо искуство со истражувачка дејност

- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект

- Можност за избор во научни и соработнички звања и понатамошно напредување

- Учество на меѓународни проекти од целиот свет

- Организиран превоз и храна

Повеќе информации за огласот: https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/389936/Matematichar/