ОДЛУКА ЗА ИЗБОР ВО НАСТАВНО-НАУЧНО ЗВАЊЕ - ПРОФ. Д-Р ДИЈАНА ЦВЕТКОСКА

Архивски број 02-36/3

31/01.2023

 

 ОДЛУКА

ЗА ИЗБОР ВО НАСТАВНО-НАУЧНО ЗВАЊЕ
I
Се врши избор, без засновање на работен однос, на кандидатот д-р Дијана Цветкоска во звање Научен соработник за наставно – научната област: Композитни Материјали (21503) на Приватната научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп, за период од 5 години, почнувајќи од 01.02.2023 до 31.01.2028 година, а врз основа на стручната оцена на Рецензионата комисија во состав:
Ø    Научен советник/Ред. проф. д-р Светлана Ристескаод Приватна научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп - претседател;
Ø    Научен советник/Ред. проф. д-р­­­­­ Благоја Самакоски од Приватна научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп - член; и
Ø    Научен соработник/Доцент д-р Самоил Самак од Приватна научна установа Институт за современи композити и роботика Прилеп - член.
 
II
Според член 67 од Законот за научно-истражувачка дејност, односно член 183 од Законот за високото образование, звањето Научен соработник е еквивалентно на звањето Доцент. Согласно наведеното, д-р Дијана Цветкоска може да учествува како надворешен соработник, во изведување настава како Доцент за предмети од наставно-научната област: Композитни материјали.
 
III
Оваа Одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.                        
 
 
     
По исцрпување на дневниот ред, седницата беше затворена.
 
 
ДЕКАН
                                                                                      Научен советник/Ред. проф. д-р    Благоја Самакоски